Новиот инфрацрвен инструмент на Многу големиот телескоп (VLT) во Чиле се употреби со цел да се набљудува подлабоко во густите облаци на маглината Орион од кога било досега. Спектакуларната слика открива околу десет пати повеќе кафеави џуџиња и изолирани супстеларни објекти со планетарна маса отколку што претходно биле познати. Големото присуство на овие тела со мала маса обезбедува возбудлив увид во историјата на формирање на ѕвезди во рамките на самата маглина.
Орионовата маглина (М42) во инфрацрвен спектар (с) ESO
Познатата маглината Орион се протега на во ширина од околу 25 светлосни години во соѕвездието Орион, и нејзиниот централен дел е видлив од Земјата со голо око, како јасна ѕвезда во мечот на Орион. Некои маглини, како Орион, се силно осветлени од ултравиолетово зрачење од најсјајните и жешки ѕвезди родени во нив, така што околниот гас се јонизира и свети. Релативната близина на маглината Орион го прави идеален објект за подобро да се разбере процесот и историјата на формирање на ѕвезди, како и да се утврди колку од формираните ѕвезди се разликуваат по големина.
Оваа слика предизвика возбуда, бидејќи го откри неочекувано голема концентрацијана објекти со многу мала маса, што пак укажува на тоа дека во маглината Орионможе да се формираат пропорционално многу повеќе објекти со мала маса одпоблиску и помалку активни региони каде се формираат на нови ѕвезди.
Астрономите виделе колку објекти со различна маси се формираат во региони какомаглината Орион со цел да се обидат подетално да го разберат процесот наформирање ѕвезди. Пред ова истражување се пронајдени најголем број на објекти со маса од околу една четвртина од онаа на Сонцето. Откривањето на изобилие на нови објекти со маса далеку помала од претходно познатата се создаде подетална слика за процесите во овој молекуларен облак од каде ќе се изродат илјадници ѕвезди.
orion.mk