Во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ ја додели државната награда „22 Ноември“ за 2024 година за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.
Добитници на наградата „22 Ноември“ за 2024 година се проф. д-р Авзи Мустафа, педагог и проф. д-р Африм Османи, универзитетски професор.