Доделувањето на наградите „Еми“ се одржа синоќа во Лос Анџелес, а за најдобра драмска серија беше избрана „Game of Thrones“ (Игра на престолите), пренесува Anadolu Agency (AA).
Најдобрата хумористична серија е „The Marvelous Mrs. Maisel“ (Прекрасната г-ѓа Мајсел), во која глуми Рејчел Броснан, добитничката на наградата за најдобрата главна актерка во хумористична серија.
Овогодишното доделување на наградите „Еми“, 70. по ред, го водеа Мајкл Че (35) и Колин Џоуст (36) од шоуто „Saturday Night Live“.
За најдобар актер во драмска серија избран е Метју Рис, а најдобра актерка, Клер Фој. Најдобрата актерка во споредна улога во драмска серија е Танди Њутон. Најдобар режисер на драмска серија е Стефан Далдри, кој наградата во оваа категорија ја доби за серијата „The Crown“ (Круна).