Алтернатива Вести Македонија Настани

Доделени наградите на најдобрите студенти на УКИМ

Сподели:

 

Вчера беа доделени пофалниците и пригодните награди на најдобро дипломираните студенти за учебните 2018/2019 и 2019/2020 година. 

Наградата за најдобро дипломираните студенти, златник со ликот на светите Кирил и Методиј, за учебната 2018/2019 година ја примија 23 студенти, додека, за учебната 2019/2020 година, беа наградени вкупно 26 студенти. Исто така, на десетмина студенти од завршниот семестар во прв циклус студии кои покажуваат особени резултати во студиите, со просечен успех остварен во текот на студирањето од најмалку 8,00 од Архитектонскиот, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Филозофскиот, Економскиот, Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Факултетот за драмски уметности за учебната 2019/2020 година им беше врачена наградата „26 јули“ од Фондацијата „Франк Манинг“ од Велика Британија.

Наградите на студентите им ги врачи ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, ректорот на УКИМ кој посочи дека наградите ги добија оние студенти кои со својата одлучност за нијанса се издвоија од другите колеги, и станаа први по квалитетот во својата генерација.

-Денеска им оддавам признание и благодарност за нивните извонредни успеси, но и за нивен интерактивен придонес во развојот и надоградувањето на знаењето. Студентите со своите успеси постигнати во текот на студиите, учествуваат во креирањето на на континуирано подигнување на квалитетот на студирањето, на најстариот и најдобар Универзитет во нашата земја, а со тоа, како што рече, имаат значајна улога во неговиот развој, во унапредувањето и афирмацијата во сите области и дејности, изјави ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски .

Сподели: