Наградата „Жан Моне” за 2017, за најдобра новинарска сторија ја доби Александар Манасиев, новинар на „Топ тема на ваша страна“ на телевизија „Телма“, за текстот за фалсификуваните дипломи за англиски јазик на кандидатите за обвинители во Академијата за судии и јавни обвинители.
Фоторепортерот на „Сакам да кажам“ Ѓорѓи Личовски ја освои наградата за 2017 за најдобра фотографија, за снимката на рибарите на Дојранското Езеро.
За аматерска фотографија, наградата ја доби Дајана Лазаревска.
„Жан Моне“ годинава беше на тема „ЕУ за тебе“, а за признанието се доделува и парична награда од 1.000 евра. Наградите ги додели шефот на делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар.