Договор помеѓу Мабетекс на Беџет Пацоли и Општина Чаир

Сподели

 

Пред еден месец, првиот човек на Општина Чаир, Висар Ганиу го потпиша Договорот за стратешка инвестиција во Чаир со сопственикот на глобалната компанија МАБЕТЕКС, Беџет Пацоли.

Овој договор и Ганиу и Пацоли го сметаа за историско поглавје за Општина Чаир, бидејќи се отвори патот за стратешка и многу важна инвестиција, изградба на катни гаражи и подземни гаражи на неколку локации на Општина Чаир, но не само тоа.

 

 

Оваа инвестиција со вредност од 80 милиони евра се нарекува стратешка инвестиција бидејќи ќе го спроведе концептот на зелена општина, ќе отвори нови работни места, ќе ја ревитализира Чаршијата и ќе ги олесни главните артерии на движење на Чаир. Ова е еден од нај гигантските проекти потпишан од Општина Чаир.

Од овој проект за стратешка инвестиција, буџетот на Општина Чаир исто така ќе има директни придобивки со наплата на над 4.000.000 евра општински даноци, кои ќе бидат наменети за нови капитални инвестиции во Општина Чаир.

И во продолжение ви ги пренесуваме деталите од овој договор за Стратешка инвестиција што Општина Чаир го потпиша со гигантот МАБЕТЕКС на Пацоли:

Изградба на подземен паркинг на плоштадот Скендербег кој ќе има 369 паркинг места на површина од 14.000 м2 и во вредност од 23.370.000 евра;

 

 

Катна гаража кај џамијата Иса Бег со 185 паркинг места во површина од 4.557 м2 и вредност од 1.932.000 евра;

Катна гаража кај Албанскиот театар со 320 паркинг места во површина од 7.500 м2 со вредност од 3.107.000 евра;

Катна гаража во Чаирчанка со 280 паркинг места на површина од 7.700 м2 и вредност од 3.201.000 евра;

Катна гаража кај Пластичарска улица со 300 паркинг места во површина од 7.539 м2 и вредност од 3.125.000 евра;

Катна гаража во населба Чаир – парцела 7.36 со 410 паркинг места во површина од 9.702 м2 и вредност од 4.000.000 евра;

Катна гаража во населба Чаир – парцела 7.35 со 170 паркинг места во површина од 4.000 м2 и вредност од 1.704.000 евра;

Катна гаража во населбата Чаир – парцела 7.38 со 107 паркинг места и површина од 2.520 м2 и вредност од 1.114.000 евра;

 

 

Катна гаража во населбата Чаир – парцела 7.4 со 170 паркинг места во површина од 4.000 м2 и вредност од 1.704.000 евра;

Катна гаража наспроти Чаршија 4.16 со 170 паркинг места на површина од 3.995 м2 со вредност од 1.706.000 евра;

Катна гаража Принц со 350 паркинг места во површина од 7.500 м2 со вредност од 3.209.000 евра;

Катна гаража КП 2079 Чаир со 350 паркинг места во површина од 14.700 м2 во вредност од 6.000.000 евра;

Катна гаража КП 1114/1 и КП 1109/5 во Центар со 110 паркинг места во површина од 2.625 м2 со вредност од 1.147.000 евра;

 

 

Со оваа стратешка инвестиција се предвидува и изградба на голем базен кај поранешниот базен во Општина Чаир, кој ќе биде дел од голем спортско -професионален комплекс каде младите и граѓаните воопшто ќе поминат добри моменти за рекреација и спортување.

Во рамките на партнерството потпишано со компанијата Мабетекс, ќе се гради и нов спортски комплекс на улицата „Џон Кенеди“ кај салата Партизан.

Исто така, ќе се изгради читална кај ООУ Исмаил Ќемали, инвестиција која ќе достигне вредност од 2.000.000 евра.

Гаранцијата за овие гаражи и рекреативно-едукативни комплекси е во рацете на глобалната компанија Мабетекс, која досега го реализирала секој договор со голема сериозност, на време, без никакво одлагање и на високо ниво на квалитет.

ДУИ, соопштение, Локални избори 2021