Договорот од Пржино: Недостасува вградување на специјално судско и полициско одделение – Јасминка Ангелова

Сподели

12510233_1140200636004595_3091024353769587863_n

“За комплетниот договор немам коментар додека не видам во претстојниов месец дена како ќе функционира договореното! Воочив дека во истиот документ недостасува вградување на толку очекуваното специјално судско одделение и специјално полициско одделение, што според мене е единствен излез за профункционирањето на СЈО, кое е во очигледен застој, Мојата реакција на ФБ е исклучиво во врска со изјавата на Артан Груби, дека конечно Албанец ќе биде на чело на МВР! Истиот не го претстави нивниот човек како квалитетен кадар, а се сомневам какво познавање на правото на оваа држава владее, со оглед дека нивниот сегашен заменик во МВР магистрирал и докторирал правни науки во туѓи држави. МВР треба да биде управувано од профеионален, стручен, искуствено квалитетен кадар, а не да се води по етнички квоти. МВР не е етничка играчка. Во целост поклонувам верба на поставените договорени цели од опозицискиот претставник, но не сум сигурна во останатите преговарачи и нивните искрените заложби за излез од кризава. Нужен ни е пописот. Да се преброиме. Затоа се прашувам ќе се обединиме ли конечно за да изградиме долгорочна национална стратегија за заштита и напредок на оваа света земја?! “