Зелената партија ДОМ им честита на сите граѓани кои придонесоа парламентарните избори да се спроведат во фер и демократска атмосфера, со доследно почитување на протоколите и мерките за заштита од Ковид-19.
ДОМ е длабоко загрижен од случувањата со хакерскиот напад врз ДИК и бара надлежните институции да спроведат темелна истрага и за тоа детално да ја информираат јавноста.
Изборите уште еднаш ја потврдија оправданоста на нашите барања за промена на изборниот модел, со една изборна единица, отворени листи и 50% жени на листите. Овие измени на Изборниот законик, вклучително и внесување на препораките од ОБСЕ/ОДИХР, за ДОМ ќе бидат еден од приоритетите во собраниското дејствување. Во следниот период остануваме целосно посветени на реализирање на Зелениот пост-корона план, за развој на зелената економија, социјална правда и еднакви можности за сите – соопштуваат од ДОМ.