Поради енормното аерозагадување во градовите, со концентрации на ПМ10 честички неколку пати над дозволеното ниво, ДОМ бара веднаш да се спроведат следните итни мерки:
- Интензивни инспекциски контроли на индустриските капацитети, од страна на државниот и локалните инспекторати за животна средина
- Намалување за 50% на согорувачките процеси во индустриските капацитети
- Стопирање на сите градежни активности во градските средини
- Забрана за движење на тешки возила во градовите и ниво упатување на обиколници
- Забрана за движење на возила под Еуро 4 стандард во градскиот сообраќај
- Бесплатен градски превоз и зголемена фрекфенција на автобуси
- Редовно миење на улиците, собирање на сметот и одржување на јавната хигиената
- Ослободување од работа на бремените жени и лицата со хронични респираторни и кардиоваскуларни болести
Со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на здравјето, ДОМ апелира граѓаните да не горат јаглен, отпадно масло, пластика, гуми, отпадоци од боено, лакирано дрво и медијапан, да користат јавен градски транспорт или да споделуваат превоз-повеќе патници во еден автомобил – се наведува во денешното соопштение на ДОМ.
denesmagazin.mk