“Надополнувањето на младоста и искуството се клучот за успехот. На секој оној кој има потенцијал, знаење и желба за придонес, ќе му биде дадена шанса за тоа. Особено се радувам што новото раководство има избалансиран однос на млади и искусни, на мажи и жени. Тоа е нашето богатство. Се надевам ќе ја оправдаме укажаната чест” – беше еден од завршните заклучоци во обраќањето на новоизбраниот претседател на општинската организација на ДОМ во Штип, Мартин Каровски.
Во демократска атмосфера со многу кандидати, изборното собрание и општинскиот одбор го дефинираа новото раководство, во кое покрај претседателот Каровски, за нови потпретседатели се избрани досегашниот претседател Ванчо Санев, кој го зазема местото на искусен политички кадар, и м-р по правни науки Јулија Пеновска, која доаѓа од МОДОМ.
За организациона секретарка е избрана Стефанија Неделкова, дипл. инг. за текстил, дизајн и менаџмент, која исто така е доскорешна истакната активистка на МОДОМ во Штип.
При изборот на четирите позиции, запазена е и избалансираноста во родовата застапеност. Извршниот одбор, кој ќе брои 9 членови, е комбинација од искусни и млади кадри. Широката палета на генерации и професии, ги обединува зелената идеологија, соопштуваат од ДОМ.