Зелената партија ДОМ со загриженост повторно алармира за ситуацијата со Охридскиот регион. По последниот извештај на УНЕСКО во кој на повеќе од 100 страни е образложена итноста за заштита на регионот, како забелешки се посочени проблемите со дивоградбите, заштитата на биодевирзитетот, управувањето со заштитните подрачја, справувањето со депониите и отпадот како и нефункционалноста на колекторот. Со ваквото непланско постапување, се доведува во прашање опстојувњето не само на природното туку и културното богатство на регионот.
Зелената партија ДОМ апелира до локалната власт на Општините Охрид, Струга и Дебрца сериозно да се посветат на задолженијата и препораките од УНЕСКО и заедно со Владата да се искористат сите расположливи механизми со цел заштита на нашето единствено природно и културно наследство на Охридскиот регион. Да не се дозволи Охридскиот регион, да го загуби статусот на заштитено подрачје од Унеско.
сооопштение ДОМ