Дома: Семиња од минатото, надеж за иднината (ВИДЕО)

Сподели

 

 

Со откривањето на новиот континент, во средниот век настанала првата размена на генетски материјал во форма на храна. На тој начин, на светско ниво се промениле екосистемите и биодиверзитетот. 

 

 

Денес, поради климатските промени, но и поради генетското модифицирање на организмите, светскиот агробиодиврезитет е значително опаднат.

 

Постои ли можност новата технологија да го зачува генот на старите семиња и старите раси и да ги приспособи кон промените кои се случуваат? Новиот документарец на Дома ги истражува одговорите за иднината на нашата храна и биодиверзитет преку анализа на специфични растителни и животински видови во Македонија, Црна Гора и Албанија.

 

 

Автори: Кирил Аровски Пржо, Жанета Трајкоска, Ана Алексовска
Водител: Ѓорѓи Нешкоски
Режија: Ана Алексовска
Камера: Тони Стојановски, Љубомир Домазетов
Монтажа: Борче Крстевски
Илустратор: Филип Велковски
Локална поддршка: Вук Вујисиќ, Алтин Фуртизи
Благодарност: NordGen