Секојдневните проблеми, како што се црвенило или сувост на кожата, може да настанат во многу краток рок, но затоа е потребно многу повеќе време за да се ослободиме од нив.
Направете пауза од вообичаените козметички производи и ѕирнете во вашата кујна – овие рецепти ќе ви помогнат да се ослободите од непријатностите на кожата.
За мрсна кожа: Маска од банана и мед
Маската од банана и мед го контролира количеството на маснотиите, и служи и како одлична превенција против акни.
*Изгмечете една банана, додајте две лажици мед и неколку капки сок од лимон, па сето тоа измешајте го во чинија. Намачкајте го лицето и оставете да отстои 15-20 минути, потоа отстранете со влажна крпа.
За сува кожа: Авокадо и алое вера
Авокадото е одлично за хидрирање на кожата, а алое вера има антивоспалително дејство.
* Изронете половина авокадо, додајте две лажици гел од алое вера, лажица овесни снегулки и лажица загреан мед. Мешавината нека ви отстои на лицето околу 15 минути, а потоа измијте со млака вода.
Црвена кожа: Маска од свежи краставици и овесна каша
Овие две состојки се идеална комбинација во борба против црвенило на кожата.
*Помешајте шојла приготвена овесна каша заедно со исечкана краставица, ставете ја смесата на лицето околу 20 минути, а потоа измијте се.