Донација на 160 таблети на институции и даватели на социјални услуги

Сподели

 

Владата на 178-та седница донесе одлука за давање на трајно користење на 160 таблет компјутери на институции и даватели на социјални услуги на национално и локално ниво низ целата држава.

Станува збор за донација на таблет компјутери, кои се донираат на над дваесет институции и даватели на социјални услуги, меѓу кои: ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје; Дневни центри за поддршка на лица со интелектуална попреченост, раководени од страна на Републичка Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака од Скопје; Мал групен дом во Кавадарци, раководен од страна на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во Кавадарци; Центар за згрижувачки семејства во Битола, раководен од страна на ЈУ Мајчин дом во Битола; Дневен центар за Даунов синдром во Скопје, раководен од страна на ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје; Дневен центар за лица со попреченост, раководени од страна на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во Струмица; Дневен центар за лица со попреченост, раководен од страна на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во Куманово; Дневен центар за деца на улица во Шуто Оризари, раководен од страна на граѓански организација Здружение за заштита на правата на детето – Скопје, Младинско здружение на глуви и наглуви „Млад Знак“ во Скопје и други.