Донесен Закон за амнестија за прекршителите на ковид-протоколите

Сподели

 

На денешната 106. собраниска седница, со 76 гласа „за“ и еден „против“, Собранието донесе Закон за амнестија, по скратена постапка.

Овој Закон, исто така, поднесен од група пратеници, овозможува алтернативна мерка „условна осуда“ на сторителите на кривичните дела „пренесување заразна болест“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од Кривичниот законик, кои се сторени за време на прогласена вонредна состојба заради спречување на ширењето на пандемијата со коронавирусот.

Од 1 јануари 2020 година до 30 јуни 2022 година во Основниот кривичен суд скопје од страна на основното јавно обвинителство Скопје поднесени се 967 казнени налози за член 206 од кривичниот законик.