Државниот дочек на посмртните останки од загинатите граѓани во трагичната автобуска несреќа во Република Бугарија, започ во 10:55 часот на Меѓународниот аеродром „Скопје“, а истиот можете да го проследите преку следниот линк.
Од Меѓународниот аеродром „Скопје“ тргна поворката со телата на 45-те загинати во автобуската несреќа во Бугарија. Тие ќе бидат предадени на нивните семејства кои ќе испратат до вечните почивалишта.
Венци положи целиот државен врв односно шефот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, шефот на дипломатијата Бујар Османи, како и други функционери од Владата, странски делегации, претставници на политичките партии.