Државент архив: Фондот за Борис Трајковски се збогатува

Сподели

 

Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески имаше средба со Вилма Трајковска, сопруга на поранешниот претседател, Борис Трајковски, со која разговараа за можноста за донација на негови приватни документи и фотографии со кои би се збогатил и би се дооформил архивскиот фонд на поранешниот претседател што го поседува Државниот архив.
 
 
 
 
 
На средбата беше нагласена и идејата за организирање изложба и објавување каталог со кои би се одбележале политичките активности на претседателот, Борис Трајковски, што би се реализирале во соработка со Фондацијата што го носи неговото име.