Денеска, во Кристалната сала на Собранието, во 12:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ ќе ја додели државната награда „22 Ноември“ за 2021 година, за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во РС Македонија, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.
Добитници на наградата „22 Ноември“ за 2021 година се Фејзи Бојко, писател и проф. д-р Илбер Села, политиколог.