На 10 декември 2022 година (сабота), во Кристалната сала на Собранието, во 12:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ ќе ја додели државната награда „Мето Јовановски“ за 2022 година, за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.
Државната награда „Мето Јовановски“ за 2022 година им се доделува на Денис Јанкуловски и Ленче Здравкин.