Државниот архив ја продлабочува соработката со дијаспората

Сподели

 

Државниот архив повеќе години соработува со нашата дијаспора и ја збогатува документацијата за функционирањето на Клубовите во САД, Канада, Австралија и во други земји.
 
На Првиот симпозиум на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), одржан на 20 јули 2023 година во Скопје, Државниот архив доби и Благодарница за своето учество во програмата “Родум од Македонија”. Со тоа Државниот архив се вброи во редот на општествените институции кои што придонесуваат за поврзување на дијаспората со матичната држава.
 
“Државниот архив и натаму останува отворен за сорботка со нашата дијаспора, но и отворен за нивно практикантство, особено на младите генерации, кои се интересираат и го проучуваат нашето минато, нашата историја, култура и традиција” – изјави директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.