Во рамките на заложбите на Државниот архив за јакнење на соработката со државни институции на планот на науката, образованието и истражувањето, директорите на Државниот архив и на НУ Конзерваторскиот центар – Скопје, потпишаа Протокол за соработка.
На официјалната средба, директорите, д-р Емил Крстески и Коле Чапкановски разменија мислења и искуства за досегашната работа и за функциоинирањето на двете институции, како и за нивните идни планови и активности.
Државниот архив и НУ Конзерваторскиот центар – Скопје, во согласност со Протоколот, ќе ја прошируваат соработката преку реализирање заеднички програми и проекти од областа на историјата, културата, науката и образованието, како и преку семинари, конференции, советувања заради подобрување на материјалната и физичката заштита на историските документи материјали и воопшто на нашето историско и културно наследство.
Библиотеките во Државниот архив и во НУ Конзерваторскиот центар – Скопје ќе бидат целосно отворени и достапни за истражувачки цели, при што е предвидена и размена на книги од областа на историјата, како и на документи и архивски материјали.