Демократскиот сојуз изразува загриженост во врска со неодамнешното назначување на поранешен келнер за нов генерален директор и претседател на Управен одбор на Македонски Железници Транспорт АД-Скопје.
Граѓаните очекуваат со јавните претпријатија да раководат врвни професионалци, одговорно и транспарентно.
Од суштинско значење е Владата преку поставување на носители на јавни функции да води сметка за нивната компетентност, стручност и интегритет.
Некомпетентното раководство има негативно влијание и врз успешноста на претпријатието, а тоа има одрз и врз земјата во целина. Лошото одлучување ќе доведе и до дополнителни финансиски загуби и намалени јавни услуги.
Оваа пракса прави огромна штета на угледот на претпријатието и државата во целина, а младите кадри ја напуштаат земјата.
Демократски сојуз инсистира на поголема одговорност во процесот на именување и назначување на функционери, транспарентен процес и цврсти критериуми.