ДСЗИ го запре извршувањето на решенијата за самоизолација и за карантин

Сподели

 

Главниот координативен кризен штаб достави барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат за престанок на важноста на издадените решенија за домашна изолација за лицата кои се вратиле во земјата со негативен ПЦР тест на КОВИД-19.

Се стопира извршувањето на сите решенија во периодот од 13 до 25 јуни за ставање под здравствен надзор и во домашна изолација на лица кои влегле во земјава со негативен ПЦР – тест на ковид-19 и потпишана изјава, како и решенијата издадени за лица кои се ослободуваат од државен карантин со негативен тест. Спроведените дејствија по решенијата се поништуваат, соопштија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

„Во врска со барањето на Главниот координативен кризен штаб за престанок на важноста на издадените решенија за домашна изолација за лицата кои се вратиле во Северна Македонија со негативен ПЦР- тест на ковид-19, ДСЗИ, согласно со член 136 став 1 алинеја 4 од Законот за општата управна постапка донесе Одлука со која се запира извршувањето на сите решенија донесени од овој орган во периодот од 13 јуни 2020 до 25 јуни 2020 година за ставање лица под здравствен надзор и домашна изолација кои влегле во земјва со негативен тест и потпишана изјава, како и решенијата издадени за лица кои се ослободуваат од државен карантин со негативен ПЦР-тест по нивното враќање во Северна Македонија од земја со висок /среден ризик за ковид-19. Спроведените дејствија по истите решенија се поништуваат“,- се наведува во соопштението на Државниот санитарен инспекторат.