ДСЗИ: Позитивните лица да на Ковид-19 да ја даваат точната адреса за самоизолација

Сподели

 

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја информира јавноста дека сите лица кои се тестираат на ковид-19 потребно е во лабораторијата да дадат точни податоци за адресата каде  ќе ја спроведат изолација (доколоку излезат позитивни) ако истата не се совпаѓа со адресата по лична карта.

Наведеното се однесува и за лицата контакти на позитивен случај на ковид-19при нивното анкетирање од страна на епидемиолог од надлежен Центар за јавно здравје.

Наведеното е од особено значење при проверките кои ги прави Министерството за внатрешни работи и секое не наоѓање на лицето на дадената адреса повлекува покренување на соодветна постапка за која што ДСЗИ нема да презема никаква одговорност, соопштуваат од ДСЗИ.