ДСЗИ започна постапка за лекувањето на починатата малолетничка од Демир Хисар

Сподели

 

Државниот санитарен и здравствен инспекторат почна постапка за да се утврди начинот на кој била лекувана 17 годишната девојка од Демирхисарското село Сопотница, која вчера почина на Инфективната клиника.

ДСЗИ започнал вонредна постапка во која ќе се проверува целата патека и лекувањето на малолетничката од матичниот лекар во Демир Хисар, па хоспитализацијата во Битола и завршувањето на Инфективната Клиника во Скопје каде девојката ја изгубила битката со вирусот.

Малолетната девојка била примена на Инфективната клиника во исклучително тешка здравствена состојба, 9 дена по појавата на првите симптоми на вирусот. Ова е трета малолетничка која го изгуби животот од коронавирус во нашата земја.