ДУИ го објави првиот проект од својата зелена агенда

Сподели

Демократската Унија за Интеграција на својот 19 роденден објави дека ја
превзема и ќе ја застапува зелената агенда залагајќи се за неа во
владата, собранието, општините и сите државни институции.

Ахмети, во својот вчерашен говор од Скопскиот градски парк, повика на
партнерство со невладините организации и интересни групи за зелената
агенда затоа како што рече, ист возух дишеме, иста вода пиеме, исто
сонце не грее, од иста почва се храниме и иста планета делиме.

Во продолжение на вчерашната најава, денес Демократската Унија за
Интеграција го започна денот со објавување на
првиот спот од серијата на проекти од зелената агенда.

Краткиот графички спот се однесува на обновливата енергија и
искористувањето на сончевата енергија, проект кој што веќе е во
имплементација во ТЕЦ Осломеј а и РЕК Битола е во процес на
трансформација и дел од зелената агенда, но и други локации во нашата
држава.

“Денес, Демократската унија за интеграција како целина ја прифаќа
зелената агенда како дел од Европскиот зелен договор и ја додава на
програмските столбови како приоритет.

Зелената агенда драги пријатели значи квалитетен живот, работни места и развој, особено во постпандемискиот период и неговото негативно влијание врз економијата, работните места, здравјето и животот воопшто.

Парите посветени на зелената агенда се инвестиција затоа што животната средина и економијата се меѓусебно поврзани, тие се инвестиции во јавното здравје, во заштита на животната средина, пристап до чиста вода и воздух, во чистење на депонија, во намалување на емисиите на гасови, патишта и квалитет железнички пруги, гасификација и зелена енергија, влијаат и на квалитетот и, следствено, на времетраењето на нашите животи, на менталното здравје, спречување на катастрофи што ќе чинат многу повеќе, често со живот.” Истакна на вчерашниот настан Ахмети.