ДУИ го осудува барањето на премиерот за оставка на судијата на Уставниот суд, Осман Кадриу, поради неговиот отпор на обидите на судот да извршува партиски наредби, се наведува во денешното соопштение на ДУИ.
Наместо да реагира на скандалозното однесување на претседателот на судот, кој јавно призна дека намерно не го почитува Законот за јазици затоа што “не му се допаѓа”, премиерот продолжи да врши притисок врз судот да ја спроведе партиската иницијатива.
Му упатуваме повик на премиерот да ја запре инструментализацијата на судот и веднаш да ја повлече иницијативата за оспорување на законот.
Правната држава не се гради со политички притисоци врз независните институции.
ДУИ, соопштение