ДУИ и ДПА вчера повикани на разговор во Американската амбасада

Сподели

usembassyskopje

Претставници на ДУИ и ДПА вчера биле повикани на разговор во Амбасадата на САД,пренесе НОВА.

Средбата следи по вчерашното гласање по предлозите за измени на законите за СЈО и за заштитени сведоци, што при што ниту еден не беше усвоен. СЈО произлезе од Договорот во Пржино, чиј гарантори се токму САД.

Американската амбасада во Скопје вчера попладнево излезе со соопштение во кое се вели:

 „Ги охрабруваме сите партии да се придржуваат кон обврските преземени со договорите од Пржино и од 20 јули за да осигураат веродостојни избори и непречена работа на Специјалното обвинителство и на независните набљудувачи на медиумите“, се вели во соопштението на Американската амбасада во Скопје.

Оттаму додаваат дека веруваат дека целта на СЈО е независна истрага во докажување на правдата.

„Воспоставувањето отчетност за неавторизираните прислушувања и сомнежите за владина злоупотреба се суштествени за да може Македонија да излезе од продолжената криза. Веруваме дека се разумни барањата на СЈО за поддршка на темелна, независна истрага на фактите“, се вели во соопштението на амбасадата на САД во Скопје.