ВЛЕН остро реагира на вчерашното скандалозно признание на ДУИ, кое претставува очигледни прифаќање на вината за еден од најтешките и неуставни акти против Албанците во Северна Македонија, бришењето на дијаспората од пописот во 2021 година.
Пред очите на јавноста и медиумите, водачите на Демократската унија за интеграција признаа дека преговарале за методологијата на пописот, со која граѓаните беа вештачки поделени на „резиденти“ и „нерезиденти“, со што десетици илјади Албанци беа избришани од официјалните бројки.
Али Ахмети лично призна дека преговарале, а Бујар Османи бил дел од преговарачкиот тим. Ова јасно покажува кои се вистинските виновници за оваа национална неправда.
ДУИ молчеше повеќе години, но сега е време да даде одговори. Зошто ја избришавте албанската дијаспора од пописот? Кој беше валканиот политички договор што го направивте и со кого?
Зошто ја исклучивте дијаспората од одлучувањето, иако таа со децении придонесува за оваа држава? – прашуваат од ВЛЕН.
Албанската дијаспора не е бројка што може да се тргува. Таа е дел од колективниот идентитет, институционалниот капацитет и националниот потенцијал на Албанците во Северна Македонија. Бришењето на тие луѓе е не само емоционална туку и правна елиминација на нивното постоење.
ДУИ мора да одговори: дали новите коалициски договори и заеднички листи за локалните избори се нов обид за амнестија на ова срамно дело? Дали новите партнери на ДУИ молчат, за да заборавиме на оваа национална катастрофа?
Да потсетиме: многу од оние кои беа избришани од пописот ја напуштија државата токму поради корупцијата, сиромаштијата и непотизмот што ги продуцираше ДУИ во последните две децении.
Ќе има одговорност за политичарите, за директорите и за институциите што ја потпишаа оваа неправда. Следува правдата.
