ДУИ: Селективната правда го разорува демократскиот поредок

Сподели

Никогаш досега правдата не била толку понижена и ставена под целосна команда на политичката власт.

Случајот во Кочани и тишината околу урбаната катастрофа во Чаир се живи докази дека Јавното обвинителство е претворено во покорна алатка на извршната власт, се вели во реакцијата на ДУИ.

Во Кочани, по трагедија што го потресе целото општество, истрагата е затворена без ниту еден партиски функционер да биде повикан како осомничен иако е јасно за секој граѓанин дека одговорноста е директна и лежи врз Министерството за внатрешни работи и надлежните институции.

Молкот на обвинителството е форма на политичка амнестија  и навреда за жртвите и нивните семејства.

Во Чаир, во реално време се случува урбан криминал.

Повеќе од 150 бесправни градби  без статички проекти, без сеизмичка проценка, со нелегално поврзување на струја и без пристап за пожарна или брза помош се живи закани за илјадници граѓани.

Луѓето што купиле станови таму не можат да спијат мирно поради страв за животите на своите деца и семејства..

Ова веќе не е селективна правда  ова е укината правда, диригирана, контролирана, и свесно насочена против интересот на граѓаните.

А кога правдата молчи таму каде што треба да зборува, таа станува соучесник на криминалот.

ДУИ, соопштение