СДСМ и ВМРО може да имаат многу разлики, но кога станува збор за неприфаќање на Албанската заедница во врвот на власта, тие се исти. Но ако ние Албанците се обединиме за еден Премиер Албанец ниту еден од нив не може да не спречи.
“Ултиматумот на ДУИ за премиер Албанец ќе не оддалечи од коалицијата, наместо да не зближи” е тоа што денеска го изјави претседателот на ВМРО Мицковски, копирајќи го неговиот хомолог од СДСМ Заев, кој пред само неколку дена строго и се спротистави на идејата за Премиер Албанец,истакнувајќи “Ако ДУИ има таков услов за владина коалиција, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната влада”.
Но овој не е единствениот пример кога СДСМ и ВМРО ја покажуваат нивната истомисленост на власта резервирана екслузивно за македонските партии. Груевски официјално целеше на 61 пратеник во изборите 2016 година за да го отстрани влијанието на Албанците во политичките одлуки. Заев истото го потврди во март 2020г.
Исто како што Груевски не успеа во тоа време, Заев и Мицковски исто така нема да успеат и овој пат во елиминацијата на клучното влијание на Албанците во политиката во Северна Македонија.
На овие избори ние целиме кон првиот Премиер Албанец и ако Албанците се обединат зад ова кауза, ние тоа ќе го оствариме. Со еден силен и унифициран Албански глас, македонските партии ќе треба да го прифатат нашето барање за Премиер Албанец бидејќи ниту една од нив нема да го има отребното мнозинство во Собранието без поддршката на Албанците.
После три децении на двоецот на македонската власт, време е за една нова епоха во политиката, каде Албанците ќе го заземат нивниот еднаков дел на власта и каде ќе го имаме првиот Премиер Албанец во Северна Македонија – се наведува во денешното соопштение на ДУИ.