-” Доколку најдете доказ за какво било мое учество, планирање, намера да бидам дел од некакво сценарио за 27 април, осудете ме. Не барав амнестија затоа што сум смел, туку дека не сум виновен. Ве замолувам да се запрашате кој е тој потпалувачки говор со кој сум повикувал на рушење на уставниот поредок. Тој ден пеев во Собрание, внатре, а потоа со син ми бев на ракометен натпревар. Ако е вистина тоа што вели ОЈО, тогаш осудете ме. Сведокот Курто Дудуш рече дека мислел оти ме видел, но не беше сигурен. Овде прв пат го видов. Врз основа на изјава на обвинет ОЈО ме терети дека сум правел нешто за интерес. Одвратно е тврдењето дека сум бил платен да протестирам. Дали за мене има еден доказ дека сум планирал да се случи 27 април? Нема такво нешто.”
Изјави, Игор Дурловски