Два брода со мигранти потонаа во Средоземното море

Сподели

Оваа година бројот на загинати мигранти во Средноземното Море се искачи на 4.220 лица

thumbs_b_c_ddae75e0753982c99500da981fbfc9ab

АНКАРА (АА) – Портпаролот на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), Џоел Милман рече дека како последица на тонењето на два брода во Средноземното Море, помеѓу Либија и Италија, животот го загубиле 239 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на ИОМ, Милман, во изјавата за АА рече: „Како последица на тонењето на два брода со емигранти во Средноземното Море, помеѓу Либија и Италија, животот го загубиле 239 лица“.

Тој истакна дека оваа година бројот на загинати мигранти во водите на Средноземното Море се искачи на 4.220 лица.

Во последниве години, Средноземното Море се претвори го голема гробница за лицата што се обидуваат со брод да преминат во Европа.