Два силни земјотреси го погодија Еквадор

Сподели

thumbs_b_c_caf8bc3f9163e8ab927b546b70ff5010

САНТО ДОМИНГО (АА) – Два земјотресa го погодија северниот брег на Еквадор доцна синоќа, подрачје кое претходно оваа година беше погодено од силен земјотрес, соопшти еквадорскиот Институтот за геофизика, пренесува Anadolu Agency (АА).

Властите соопштија дека нема повредени, но дека на некои луѓе им е укажана медицинскa помош бидејќи се наоѓале во состојба на шок.

Првиот земјотрес беше со јачина од 5,9 степени и се случи околу 21:00 часот по локално време, лоциран 24,2 километри од Мусин во покраината Есмералда.

Другиот земјотрес беше со јачина од 6,3 степени и беше регистриран десет минути по првиот.

Земјотресите се почуствувале и во главниот град Кито, оддалечен 153 километри.

Засега нема податоци за повредени ниту за направена материјална штета.

Силен земјотрес со јачина од 7,8 степени го погоди Еквадор во април, во којшто загинаа 663 лица, а 29.000 оставаа без покрив над главата.