Движењето Самоопределување се приклучува во Европскиот Сојуз за Промена

Сподели

 

На Плоштад „Скендербег“, Европскиот Сојуз за Промена ја отвори заедничката канцеларија на коалицијата. 

На отварањето на канцеларијата учествуваа претседателите на трите партии: Алтернатива, Движење Беса и Демократско Движење, каде за прв пат и официјално се претстави и Движењето Самоопределување од Косово, со нејзиниот претставник г-дин. Беким Ќоку како дел од опозицискиот фронт, каде што, пред присутните одржаа и говор.

Изет Меџити меѓудругото истакна: „Ме радува фактот дека на овој убав сончев ден, во нашиот опозициски фронт се приклучи и Движењето Самоопределување, и дека после промената во Косово и во Прешевска долина, заедно ќе ја носиме долгоочекуваната промене и кај албанците во Северна Македонија.“

Билал Касами пред присутните изјави: „Нашата Влада ќе биде поинаку, како што сме денес во оваа канцеларија во доста фреквентно место, меѓу вас, вака заедно со вас ќе го правиме и владеењето, идејќи кај граѓаните за да сме поблиску до нив и да ги решиме загрижувањата и потребите на граѓаните.“

Африм Гаши додаде: „Добродојдовте на отварањето на оваа канцеларија во срцето на Чаршијата, секоја темна ноќ има и зора, секоја студена зима ја очекува пролетта, и тука кај нас на 8 Мај и дефинитивно ќе доаѓа албанската пролет и сите заедно во оваа канцеларија ќе ја прославиме големата победа.“

Беким Ќоку, советник на Премиерот Албин Курти меѓу другото кажа: „Движењето Самоопределување станува четвртиот столб на овој опозициски фронт за да ја донесе долгоочекуваната промена во Северна Македонија. Тука денес се обраќам и како поранешен член на Алијансата за Албанците, знаејќи го духот и менталитетот на оваа партија, ги повикувам да бидат дел од оваа победничка коалиција за заеднички да ја направиме големата промена.“ 

Инаку, оваа канцеларија ќе биде отворена за сите граѓани и ќе служи како центар за организација на активности на Европскиот Сојуз за Промена.