DW: „Големото уво“ ги слушало и Ставрески, Бонева, Ангелов, Фрчкоски…

Сподели

Идентификацијата на корисниците на незаконски следените телефонски броеви сѐ уште не е завршена, поради обемноста на доказите. Од СЈО ги откриваат податоците за оние кои досега се утврдени.

Од доказите што ги обезбедило Специјалното јавно обвинителство во истрагата за предметот „Таргет“ постепено испливуваат имињата на корисниците на незаконски прислушкуваните телефонски броеви. Има и политичари и новинари, но идентификацијата сѐ уште не е целосно завршена поради обемноста на податоците.

Како што соопшти СЈО на прес-конференцијата 18-ти ноември, доказите со кои во располагаат упатуваат на основано сомнение дека преку системите за следење на комуникации во периодот 2008-2015 година незаконски била следена комуникацијата на најмалку 4.286 телефонски броеви, за кои воопшто не биле издадени судски наредби за следење. Но, следена била и комуникацијата на телефонски броеви во период пред да биде издадена судска наредба, како и по завршување на наредбата. На таков начин незаконски била следена комуникацијата на најмалку 1.541 телефонски броеви, односно на најмалку 5.827. Притоа, незаконски биле следени и сите лица кои во тој период комуницирале со телефонските броеви кои биле таргет на незаконско прислушување.

Ставрески, Бонева, Мехмети, Куновска…

Покрај соопштениот податок дека незаконски биле следени комуникациите на поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанкиески, од СЈО потврдуваат дека таргет бил и поранешниот вицепремиер и министер за финансии, Зоран Ставрески, за кого има 735 записи во интервал од 1.295 денови. Идентичен број записи и временски интервал незаконски и бил посветен и на поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, денес член на ДИК, Силвана Бонева.

Што значи број на записи во одреден временски интервал?

„На пример, ако за едно лице има вкупно 918 записи за интервал од 1.864 денови, тоа значи дека за 918 денови е регистрирано дека бројот бил незаконски следен, а дека од првото внесување на телефонскиот број во системот до последниот евидентиран датум, се поминати 1.864 дена“, објаснуваат од СЈО.

Текстот во целост прочитајте го тука