Бидејќи бројот на инфекции повторно расте, за Велигден нема да има ублажување на рестрикциите во Германија – напротив. Велигден практично е откажан.
Локдаунот поради коронавирусот во Германија, кој е во сила од ноември, ќе биде продолжен за уште четири недели, односно до 18 април. Ваква одлука донесоа канцеларката Ангела Меркел и премиерите на 16-те сојузни покраини. Периодот е посебен – ги вклучува и велигденските празници на почетокот на април. Покрај религиозното значење што празникот го има за христијаните, Велигден е класично време за патување и посета на семејства во Германија. Но, сега Германците се повикани, што е можно повеќе да се откажат од тоа.
„Имаме нова пандемија“, рече Ангела Меркел на прес-конференција нешто по 3 часот изутрината, по 12-часовниот самит со покраинските премиери. „Мутациите надвладеаја. Тие се многу посмртоносни и многу позаразни. Претходниот успех беше изеден“, пластично објасни канцеларката. Сега мора да се спречи голем раст на инфекциите, бидејќи така се зголемува веројатноста да се формираат нови мутации. Подолго е и потешко отколку што мислевме“, изјави Меркел.
Целиот текст на Дојче велемпрочитајте го тука.