DW: Несреќна и опасна изјава на Силјановска Давкова

Сподели

Одлуката на новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова при давањето заклетва во Собранието да не го употреби името Северна Македонија, предизвика реакции меѓу пратеници во германскиот Бундестаг.

Германското МНР уште во понеделникот порача дека мора да се почитува Преспанскиот договор, додека водечки парламентарци за Дојче Веле велат дека новата претседателка на Северна Македонија направила опасен преседан, пренесува Дојче веле

Според пратеникот на владејачките Либерали (ФДП) задолжен за европски прашања, Томас Хакер потегот на Сиљановска Давкова е „несреќен и за жалење“. Тој додава дека, во тој контекст, има разбирање за одлуката на грчката амбасадорка да ја напушти инаугурацијата.

„Европскиот пат на Северна Македонија и пред изјавите на новата претседателка беше доволно тежок. И вистина е дека и ЕУ сноси дел од вината за бавниот пат на земјата кон ЕУ.

Целиот текст прочитајте го тука DW