DW: СЈО го чека извештајот на „Маѓар телеком“

Сподели

Извештајот од внатрешната истрага во „Македонски Телеком“ треба да помогне во истрагата на СЈО за незаконско прислушкување. Комисијата за надзор на работата на УБК пред месеци го побарала овој извештај, но не го добила

telekom

И експертот од „Ериксон“, но и извештајот од внатрешната истрага што компанијата – мајка „Маѓар Телеком“ ја спроведе во „Македонски Телеком“, треба да помогнат во добивањето на податоците кои Специјалното јавно обвинителство со судски наредби ги побара од УБК.

Повод за внатрешната истрага беа сомнежите околу улогата на „Македонски телеком“ во аферата со незаконското прислушкување што ја обелодени лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, односно, укажувањата дека масовно прислушкување на повеќе од 20.000 граѓани не можело да се одвива без дозвола и знаење од мобилните оператори во Македонија.

Елпида Тризи од одделот за корпоративни комукации на „Дојче телеком“ уште во март годинава за Дојче веле потврди дека „Маѓар Телеком“ ја завршил внатрешната истрага со поддршка на надворешни експерти, но дека добиените сознанија нема да се коментираат во јавност.

„Не ги коментираме во јавност нашите интерни наоди, но како и во сите други случаи, во целост соработуваме со локалните власти, според потребите“, изјави Тризи за ДВ.

default

Несовпаѓање на налозите за ПИМ

Од СЈО велат дека се уште не се запознати со наодите од истрагата на „Маѓар телеком“. Тие пред извесно време го побарале извештајот и очекуваат да го добијат. Одговор досега не доби ни собраниската Комисија за надзор над работата на УБК и на Агенцијата за разузнавање. Нејзиниот претседател, Хари Локвенец, врз основа на надлежностите што ги има Комисијата, пред неколку месеци испратил барање до „Македонски Телеком“ да им го достават интегрираниот ревизорски извештај од истрагата.

Текстот во целост прочитајте го тука

dw.com