Во интервју за Дојче веле , премиерот Заев изјави дека во Владата размислуваат за легализација на марихуаната со цел да се стимулира туризмот и домашната економија.
„Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата, постојни и нови, со почитување одредени стандарди – вентилација, доказ за потекло на марихуаната и сл., да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив“, – изјави Заев.
Употребата во угостителските објекти, контролирано, под одредени критериуми би било овозможено и во главните туристички центри во Скопје, Охрид, Струга, Маврово, Дојран и други дестинации за туризам.
Текстот во целост прочитајте го тука