Апел од самохраните родители, еднородителските семејства и родителите кои самостојно извршуваат родителски должности и обврски, од цела Република Северна Македонија.
“Глобалните политики упатуваат кон сите држави, овозможување на активности за спречување и превенција на висок степен на сиромаштија, насилство, маргинализација на жени во ризик, ранливи категории на жени и многукратно дискриминирани жени, според принципите на партиципативност, координираност и транспарентност како основни предуслови за градење на здрави општества и овозможувачка средина за сите граѓани/ки.
Ние, како Една може!, грас рут организација која е во секојдневен контакт со најранливите еднородителски семејства од цела Република Северна Македонија, бараме од надлежните органи, националните институции. одлучувачките тела и локалните самоуправи, а во овој период и од Владата, Кризниот тим за постапување во вонредни состојби и Министертсвото за труд и социјална политика, решавање на проблемот на самохраните родители – во најголема мера – на жените самохрани мајки по различни основи, кои секојдневно се среќаваат со непремостливи проблеми, а посебно се погодени и под висок ризик, од почетокот на кризата предизвикана од Ковид-19.
„Имено, како ранлива група ретка е можноста нашите деца да ги чуваат нашите родителите, некои ги имаат, некои не, некои пак се дискриминирани и од самите родители и немаат нивна поддршка. Сепак, станува збор за две ранливи групи (мали деца и стари лица) каде што согласно препораките за заштита од Корона вирусот, посебно е нагласено дека меѓусебно не треба да се мешаат. Алтернативни решенија за згрижување на нашите деца немаме, имајќи во предвид дека градинките и центрите за деца кои вообичаено ги згрижуваат децата до 10 годишна возраст во летниот период се затворени. И покрај тоа, ние мораме да одиме на работа, бидејќи како еднородителски семејства тоа е нашиот единствен извор на егзистенција, но згрижувањето на нашите деца е неизвесно. Со тоа, нашите семејства стануваат критични семејства со зголемен потенцијален финансиски и здравствен ризик.“ апелираат членките од Една може!
„Бараме од належните да имаат разбирање и емпатија за оваа група на граѓани/ки кои поради различни околности останале сами да ги подигнуваат своите чеда.“ децидни се тие.
Дел од нив упатуваат: “Бараме да продолжи да важи мерката, исто како и за родителите чии деца одат во градинка и не се опфатени со најновата мерка – враќање на работа, како што беше одлуката на 65-та седница на Влада: „Владата денеска заклучи дека по престанувањето на вонредната состојба, остануваат во сила мерките со кои се ослободуваат од работните обврски родителите кои што имаат деца до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, хронично болните лица и бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои што ја користат услугата дневен центар, како и лицата кои што на работа одат со придружба-потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, со можност, доколку е тоа остварливо да ги извршуваат работните задачи од дома, како и сите мерки и протоколи опфатени во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот КОВИД-19.“ (РСМ, н.д.)
Експертскиот тим од Здружението Една може! направи деск анализа и посочува на неопходноста од специфични услови според специфичниот контекст на живеење за овој облик на семејство (еднородителско семејство). Според анализата се посочува кон мерки кои ги користат во сите земји со висок ризик на заболени од Ковид-19, во однос на целната група. „Различни држави користат различни мерки, но најчесто се однесуваат на: парична поддршка, решавање на стамбено прашање или намалена наемнина (најчеста опција за домување на еднородителските семејства), олеснителни околности за работење и намалување на работното време, а при тоа задржување на целосната дневница, овозможување на работа од дома, овозможување на континуирано здравствено осигурување на сите членови/ки од еднородителски семејства без оглед на работниот статус и ослободување од сметки и комуналии.“
Од Една може! долгогодишно алармира за неповолната средина за развој на сите членови на овие семејства, во земјата,која Ковид-19 ја воочи уште повеќе. Постојаната работа на терен, во поддржувачка мисија кон овие семејства забележува „Останати се без работа голем број од жените кои биле дел од неформалниот пазар на труд, дополнително се врзани за домашниот простор и оневозможен им е пристапот кон јавните сфери поради целодневни, континуирани ангажамни околу децата, а тие се или поточно биле единствениот извор на приходи во овие семејства. Ние ги поддржуваме колку што можеме со донациски пакети, правна поддршка за аплицирање на Владините мерки, кои во мал опфат им се достапни и секако ги упатуваме кон психотерапевтска поддршка која и те како ни е неопходна на сите. Останатото кое го правиме е застапување и лобирање кон одлучувачките тела, за вклучување на целната група во вонредните мерки.“
„Затоа, нека биде и ова апел за неоходност од повеќекомпонентна можност за секое еднородителско семејство да си направи најсоодветен избор: дали сака да користи мерка за ослободување од работа или сака да избере паричен државен трансфер со конкретна намена „обезбедување негувателка“ за сите кои имаат потреба од вакво нешто. Следното неопходно, во кое силно веруваме дека е потребно, е даночно ослободување и намалување на комунални трошоци за секое еднородителско семејство.
Со само еден потег би се решиле неколку проблеми од суштинско значење: децата ќе бидат згрижени, ние ќе можеме да имаме пристап до работните позиции и да обезбедуваме егзистенција и ќе се отворат работни позиции кои и те како се неопходни во овој период“ изјавува претседателката на Една може!, Doroti Pachkova, родова експертка.
Еднородителските семејства се неизбежна единка од општеството, која еднакво придонесува за истото, како и двородителските семејства со двојно вложен труд. Затоа, маргинализацијата, деградацијата и дискриминацијата за еднородителсите семејства треба целосно да се искорени.
Овој апел е наша нова надеж. One can.”