И после продаваат пуфки, се лупаат в гради во име на гордоста и нацијата, глумат натажени патриоти и познавачи на историјата, негувачи на културното наследство и почитувачи на културната меморија, демек од нашиот посебен код се тие облежани…
Се срамам од овој гостопримлив народ, тивок пред неправдите и гласен во име на кавгите, кој се храни од тоа..
Срам за државата, на која веќе не само што не и’ се знае ни името, туку ни презимето, ниту пак крајот може да се фати.. Една МРТ да не го пренесува најбитниот натпревар во историјата на македонскиот фудбал…
Мислам ова што се случува е под секое ниво. Која и каква и да е причината – секаква е, само оправдана не (е).
Тоа ти е исто како слободен родител да не присуствува на приредбата од сопственото дете или како да е таму и да направи фотографии само од туѓите деца, не и од своето.
Овој народ умее само едно нешто – а тоа е константно да критикува, негира итн.
ФБ статус, Бранка Ивановска