Вчера заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ при што донесе две важни одлуки.
Првата едногласно централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е го овласти претседателот Христијан Мицкоски да преговара за формирање на ново парламентарно мнозинство, а со тоа и да ја состави новата влада.
ВМРО-ДПМНЕ на Претседателот на партијата, Претседателите на Општинските Комитети, како и на претседателите и членовите на сите органи и тела кои се бираат на конгрес, согласно новиот Статут им го ограничува мандатот на 4 години, при што максимум на истата функција, кој и да било од овие функционери може да се задржи најмногу три мандати и тоа под услов да третиот мандат е избран од страна на партиските органи и тела со 2/3 мнозинство.
Исто така со овој Статут, мандатот на сите останати партиски функционери во сите органи и тела на партијата се ограничува на 2 години.
Со новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не ја предвидува функцијата почесен претседател на партијата. Според ова ни Љубчо Георгиевски како прв, ни Никола Груевски како втор претседател на ВМРО-ДПМНЕ повеќе нема да бидат почесни претседатели на партијата. Ова вечерва го потврди Панче Тошковски, претседател на статутарната комисија при ВМРО-ДПМНЕ по седницата на Централниот комитет на партијата.
Статутот, како што рече тој, не предвидува почесни претседатели.
– Овој статут на предвидува почесни претседатели, односно ниту Никола Груевски, ниту било кој поранешен почесен претседател повеќе согласно овој статут не се почесни претседатели – изјави Тошкоски.