Пред нас е десеттиот ЕДУИНО вебинар! Заедно со вас досега успеавме да реализираме успешни вебинарски сесии на соодветно избрани теми за кои покажавте голем интерес. Сега сме во последната фаза од третиот серијал според која во текот на месецот ноември преостануваат уште две интересни теми.
Зад нас се повеќе од триесет ЕДУИНО-вебинари поддржани од синергијата на над педесет илјади слушатели кои не ја пропуштија можноста да ги совладаат концептите за поквалитетна настава. Имајќи ги предвид вашите сугестии и потреби и овој пат дизајниравме програма која ги следи тенденциите на модерното образование овозможувајќи ви да усвоите применливи практики. Успешно реализиравме две целосни изданија на серијалот ЕДУИНО вебинари, а мотивирани и инспирирани од фидбекот, продолжуваме со вториот дел од третиот серијал кој е наменет за развој на вештините од областа на иновативната и дигиталната педагогија.
Поттикнати од вашиот интерес и ентузијазам ценети наставници, професори и едукатори, повторно ве повикуваме и очекуваме заедно со вас, преку ЕДУИНО вебинарите, да се впуштиме во заедничкта мисија да создадеме ученици подготвени за 21-от век!

Употребата на новите технологии во наставата е голем предизвик кој постојано ги менува потребите на едукаторите. Наша цел и овојпат е преку предавања кои вклучуваат практични и актуелни теми, да ја поттикнеме вашата професионална надградба. Токму затоа, фокусот го ставивме на вештините потребни за спроведување на иновативни наставни методи, како и стекнување практични вештини за алатки кои би ги применувале во наставата. Развивме прогрма преку која имате можност да ја зголемите вашата продуктивност и ефикасност и да стекнете применливо знаење.

Во секојдневието сè почесто забележуваме дилеми и предизвици, пред сè кај родителите, кои се однесуваат за развојот на говорот и комуникацијата кај детето. Понекогаш родителите прават споредби помеѓу нивното и туѓите деца, бараат одговори на прашањата, истражуваат содржини на интернет кои не секогаш се научно потврдени и вистинити, обидувајќи се да одговорат на дилемата: „Дали е време моето дете да посети логопед?“. Едно од најчестите прашања е дали треба да се почека до третата година за да се посети логопед? Затоа оваа тема е навистина интересна како за родители, така и за едукатори кои би им помогнале на родитлите во развојот на говорот и комуникацијата кај децата.

– кога е вистинското време да се посети логопед;
– како изгледа развојната скала за говорните и јазичните вештини.

Стручните соработници кои ќе предаваат на ЕДУИНО-вебинарот се Драгана Дојчиновска и Гордана Благојевска. Тие имаат долгогодишно теретско и практично искуство поврзано со темата.
Драгана Дојчиновска работи како клинички логопед, а Гордана Благојевска е специјален едукатор и рехабилитатор во центарот за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ од Скопје.
Драгана Дојчиновска работи како клинички логопед, а Гордана Благојевска е специјален едукатор и рехабилитатор во центарот за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ од Скопје.

#наменето за: родители, наставници од основно образование, воспитувачи од предучилишно образование како и за специјални едукатори (логопеди, психолози, образовни асистенти)
#датум: 24.11.2022, четврток
#време: 18:00 – 19:30 часот
#работен јазик: македонски јазик со симултано толкување на албански јазик
#можности за сертификат: сертификат за стекнати знаења
#учество: бесплатно, со задолжителна регистрација
#линк за регистрација преку ZOOM: https://cutt.ly/4MIOd4K
#линк до ЧПП: https://cutt.ly/IBt9Qiz