ЕДУИНО-ВЕБИНАР: Стимулација на говор во рана возраст + Cboard

Сподели
 
Пред нас е десеттиот ЕДУИНО вебинар! Заедно со вас досега успеавме да реализираме успешни вебинарски сесии на соодветно избрани теми за кои покажавте голем интерес. Сега сме во последната фаза од третиот серијал според која во текот на месецот ноември преостануваат уште две интересни теми.
Зад нас се повеќе од триесет ЕДУИНО-вебинари поддржани од синергијата на над педесет илјади слушатели кои не ја пропуштија можноста да ги совладаат концептите за поквалитетна настава. Имајќи ги предвид вашите сугестии и потреби и овој пат дизајниравме програма која ги следи тенденциите на модерното образование овозможувајќи ви да усвоите применливи практики. Успешно реализиравме две целосни изданија на серијалот ЕДУИНО вебинари, а мотивирани и инспирирани од фидбекот, продолжуваме со вториот дел од третиот серијал кој е наменет за развој на вештините од областа на иновативната и дигиталната педагогија.
Поттикнати од вашиот интерес и ентузијазам ценети наставници, професори и едукатори, повторно ве повикуваме и очекуваме заедно со вас, преку ЕДУИНО вебинарите, да се впуштиме во заедничкта мисија да создадеме ученици подготвени за 21-от век!
 
📍 #Целта на вебинарите:
Употребата на новите технологии во наставата е голем предизвик кој постојано ги менува потребите на едукаторите. Наша цел и овојпат е преку предавања кои вклучуваат практични и актуелни теми, да ја поттикнеме вашата професионална надградба. Токму затоа, фокусот го ставивме на вештините потребни за спроведување на иновативни наставни методи, како и стекнување практични вештини за алатки кои би ги применувале во наставата. Развивме прогрма преку која имате можност да ја зголемите вашата продуктивност и ефикасност и да стекнете применливо знаење.
 
💻 #Како да учесници на ЕДУИНО- вебинарите, ќе имате можност:
✔️ да поставувувате прашања;
✔️ да имате консултации со предавачите;
✔️ да добиете сертификат за стекнато знаење.
 
🎉 За #темата:
Во секојдневието сè почесто забележуваме дилеми и предизвици, пред сè кај родителите, кои се однесуваат за развојот на говорот и комуникацијата кај детето. Понекогаш родителите прават споредби помеѓу нивното и туѓите деца, бараат одговори на прашањата, истражуваат содржини на интернет кои не секогаш се научно потврдени и вистинити, обидувајќи се да одговорат на дилемата: „Дали е време моето дете да посети логопед?“. Едно од најчестите прашања е дали треба да се почека до третата година за да се посети логопед? Затоа оваа тема е навистина интересна како за родители, така и за едукатори кои би им помогнале на родитлите во развојот на говорот и комуникацијата кај децата.
➡️ Учесниците на ЕДУИНО-вебинарот во воведниот дел ќе имаат можност да добијат одговори на прашањата:
– кога е вистинското време да се посети логопед;
– како изгледа развојната скала за говорните и јазичните вештини.
➡️ Во главниот дел на вебинарот ќе биде презентирана апликацијата „Сиборд“ (Cboard). Оваа апликација е бесплатна алатка која е локализирана и на македонски јазик. Целта на апликацијата е стимулирање на говорот и комуникацијата , но и користење на алатката за олеснување на секојдневната комуникација на лицата кои се соочуваат со потешкотии во говорот. Говорејќи за потенцијалите на оваа апликација, Патриција Ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ рече: „Ги охрабруваме родителите и наставниците да ја користат алатката за да помогнат во отстранувањето на бариерите што ги спречуваат децата да го заземат своето вистинско место во пошироката заедница“. Со стекнување вештини за употреба на оваа алатка, родителите и едукаторите ќе му овозможат на секое дете да се слушне неговиот глас.
➡️ Во заклучниот дел од вебинарот ќе биде потенцирано значењето на што пораната детекција и започнување со третман кои се од клучно значење во сензитивниот период пред тргнување во училиште. Континуираното работење и вклучување на апликацијата „Сиборд“ ќе придонесе за значајно подобрување на децата со потешкотии во однос на говорот и комуникацијата.
 
Стручните соработници кои ќе предаваат на ЕДУИНО-вебинарот се Драгана Дојчиновска и Гордана Благојевска. Тие имаат долгогодишно теретско и практично искуство поврзано со темата.
Драгана Дојчиновска работи како клинички логопед, а Гордана Благојевска е специјален едукатор и рехабилитатор во центарот за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ од Скопје.
 
✅ Очекувани резултати – по вебинарот учесниците ќе стекнат:
🔹 знаења и вештини во делот на препознавање на децата со тешкотии во говор и комуникација;
🔹 знаења и вештини за примена на апликацијата „Сиборд“;
🔹 зголемена свесност кај родителите и специјалните едукатори за навременото советување и започнувањесо логопедски третман;
🔹 родителите и специјалните едукатори со примена на „Сиборд“ ќе овозможат да се слушне гласот на секое дете.

 

#наменето за: родители, наставници од основно образование, воспитувачи од предучилишно образование како и за специјални едукатори (логопеди, психолози, образовни асистенти)
#датум: 24.11.2022, четврток
#време: 18:00 – 19:30 часот
#работен јазик: македонски јазик со симултано толкување на албански јазик
#можности за сертификат: сертификат за стекнати знаења
#учество: бесплатно, со задолжителна регистрација
#линк за регистрација преку ZOOM: https://cutt.ly/4MIOd4K
#линк до ЧПП: https://cutt.ly/IBt9Qiz