ЕДУИНО ВЕБИНАР: Вовед во наставни компетенции со технолошка поддршка на наставата

Сподели

 

 
Со задоволство ви го најавуваме третото издание на серијалот ЕДУИНО вебинари на кое очекуваме да се приклучат нови наставници и професори кои се мотивирани и подготвени да работат на својот професионален развој. Наша заедничка мисија е да создадеме едукатори и ученици подготвени за иднината!
 
Целта на вебинарите:
Употребата на новите технологии во наставата е голем предизвик кој постојано ги менува потребите на едукаторите. Наша цел и овојпат е преку предавања кои вклучуваат практични и актуелни теми да ја поттикнеме вашата професионална надградба.
Токму затоа, фокусот го ставивме на вештините потребни за имплементирање на иновативни наставни методи, како и стекнување практични вештини за алатки кои би ги применувале во наставата. Развивме платформа преку која имате можност да ја зголемите вашата продуктивност и ефикасност и да стекнете применливо знаење.
 
Како учесници на ЕДУИНО- вебинарите, ќе имате можност:
– да поставувувате прашања;
 -да имате консултации со предавачите;
– да добиете сертификат за стекнато знаење.
 
Темата на вебинарот е вовед во понатамошната обука со која се посочува важноста од примената на дигитаните технологии во наставата како главен фактор за подобрување на успехот на учениците. Фокусот ќе биде ставен на поттикнување автономност и самоиницијативност кај наставниот кадар при изборот на дигитални алатки и нивна примена во наставната програма.
Имајќи го предвид забрзаниот развој на новите технологии, посебен акцент ќе се стави на: неопходноста од дигиталната педагогија, експликација за примената на дигиталните алатки и стратегии за професионален развој. ЕДУИНО вебинарот ќе понуди увид во вештините неопходни за инкорпорирање на новите технологии во наставата на компетентен и ефективен начин. Така, едукаторите ќе бидат обучени индивидуално или колаборативно да ги избираат релевантните дигитални алатки со цел ефикасно да ги интегрираат во наставните планови.
 
За сите заинтересирани овозможено е настанот да се следи на два начина:
1. Онлајн, како учесник на вебинарот преку линк на платформата ZOOM https://cutt.ly/YHRaYRr или преку YouTube каналот на ЕДУИНО: https://youtu.be/AB9Oi0FWXXg