Египет: Бројот на загинати во бомбашкиот напад во црква се искачи на 21 лице

Сподели

Според Министерството за здравство на земјата, најмалку 21 лице загина во денешниот бомбашки напад во црква во северен Египет, јавува Anadolu Agency (AA).

Експлозијата се случи во црквата Св. Горѓи во градот Танта, што се наоѓа во делтата на реката Нил.

“Во експлозијата загина 21 лице, а 59 се повредени”, соопшти портпаролот на министерството, Халид Муџахид.

Останува нејасно дали експлозијата е предизвикана од бомба или од самоубиствен бомбашки напад.

Се уште ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.

Денешниот бомбашки напад се случи на денот Цветници, христијански празник во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим.

Во декември, во експлозија на бомба во црква во центарот на Каиро загинаа над 25 лица, а повеќемина беа повредени.

Коптските христијани во Египет бројат меѓу 8 и 10 отсто од вкупното население кое изнесува околу 90 милиони.