Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска го именуваше францускиот политички ветеран и поранешен претставник на Европската Унија, Мишел Барние, за главен преговарач со Британија за излезот на земјата од ЕУ.
Јункер за 65-годишниот Французин рече дека е „вешт преговарач со богато политичко искуство“.
Барние би требало да ја преземе функцијата во октомври, иако објективно работата му почнува во моментот кога Британија и официјално ќе побара активирање на членот 50 од Лисабонскиот договор. Сепак, сè уште не се знае кога Лондон ќе го направи тоа.
Обединетото Кралство на референдумот на 23 јуни се одлучи за Брексит.