Граѓаните од повеќе земји надвор од ЕУ наскоро ќе можат да патуваат во Унијата, но само ако исполнат одредени услови за заштита од Ковид-19.
Европската комисија издаде препорака на странските државјани кои се целосно имунизирани (кои примиле вакцина и ревакцина) и на оние од земји со поволна епидемиолошка состојба да им биде дозволено да патуваат во земјите на ЕУ без посебни ограничувања.
Вакцинираните граѓани можат да патуваат во друга земја без ПЦР-тест и карантин, се вели во соопштението на Европската комисија.
Со предлогот е опфатен план „во согласност со развојот на епидемиолошката состојба во ЕУ, да се подигне прагот на нови случаи на Ковид-19, според кој ќе се утврди списокот на земји на чии граѓаните ќе им биде дозволено да патуваат“. Комисијата се надева дека системот за дигитални зелени сертификати за докажување на вакцинацијата ќе овозможи проверка на статусот на вакцинација, но дотогаш членовите треба да „прифаќаат сертификати од земји што не се членки на ЕУ, земајќи ја предвид можноста за проверка на автентичноста, валидноста и интегритетот на сертификатот и дали ги содржи сите релевантни податоци“.