Експлозија во центарот на Киев: Загина едно, а ранети се три лица

Сподели

Најмалку едно лице е убиено, а три се ранети во експлозија која касно синоќа се случи во главниот украински град Киев, јавува Anadolu Agency (AA).

Гласноговорничката на киевската полиција Оксана Блишчек соопшти дека експлозијата се случи пред зградата на телевизијата во центарот на Киев.

Меѓу ранетите е и Ихор Мосијчук, пратеник во украинскиот парламент од редот на опозициската Радикална партија.

Ранетите лица се згрижени во болница, а истрагата за извршителите и мотивите на нападот е во тек.